Прејди на содржината

Желудочен сок

Од Википедија — слободната енциклопедија

Желудочен сок или желудочна киселинатечност која се лачи во желудникот и учествува во процесот на варење на храната. Човекот во текот на 24часа лачи од 1 до 1,5 литри желудочен сок, а количеството зависи од количеството на храната и нејзиниот состав. Чистиот желудочен сок е безбоен и е многу кисел.[1]

Состав и функции на желудочниот сок

[уреди | уреди извор]

Најважни неоргански состојки во жулудочниот сок се солната (хлороводородна) киселина и хлоридите, а од органските материи тоа се муцинот и ензимите. Солната киселина во желудочниот сок е од 0,5 до 0,6% и е слободна или врзана со белковини. Има повеќе функции во желудникот меѓу кои најважни се:

Ензими во желудочниот сок

[уреди | уреди извор]

Регулирање на лачењето на желудечниот сок

[уреди | уреди извор]

Кај човекот, меѓу оброците, кога желудникот е празен има мало количество желудочен сон. Лачењето на желудечниот сок има 3 фази: орална, желудочна и цревна фаза. Кај човекот е регистрирана и психичка или рефлексна фаза во лачењето на желудечниот сок.

Лачеењто на желудочниот сок е регулирано и со одредени хормони. Така се знае дека ткивниот хормон гастрин, што се создава во желудникот, го поттикнува излачувањето на желудечниот сок. Влијание врз излачувањето на желудечниот сок има и мозочната кора. Така, мирисот или гладењето на убава храна, како дразба се прима преку рецепторите и се пренесува до центрите во мозочната кора, а тоа резултира со создавање желудочен сок. Психичкото лачење на желудчен сок започнува само со помислата на некое вкусно јадење.[4]

Врз составот и лачењето на желудечниот сок свое влијание има и составот на јадењето. Така, се знае дека месото, лебот и млекото различно го поттикнуваат лачењето на желудечниот сок. Имено, најмногу поттикнува месото, помалку лебот а најмалку млекото.[5]

  1. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 59
  2. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 59/60
  3. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 60
  4. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 60/61
  5. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 61
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy