Прејди на содржината

Железница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Железничка станица во Амстердам.

Железница или железнички превозпревоз на патници и стоки по пруга.[1]

Возилата што возат на пругата се распоредени во воз; серија на поединечни возила (со или без погон) поврзани заедно. Овие возила (најчесто наречени вагони или коли) се движат со многу помало триење од возилата што возат со гуми на поплочен пат, и како резултат, локомотивата што го влече возот многу поефикасно ја искористува енергијата.

Развој на железницата

[уреди | уреди извор]
Првата локомотива на Стивенсон 1814

Први железни вагони на шини се употребувале уште во XVI век во Германија и Англија за превоз на ископана руда, влечени од коњи. Англискиот инженер Џорџ Стивенсон (1781 — 1848) (George Stephenson) ја измислил првата парна локомотива во 1814 година. Можела со брзина на пешак да влече неколку рударски вагони.

Со градбата на удобни патнички и товарни вагони, почнува развојот на железницата.

Првата јавна железница воспоставена е на 27 септември 1825 помеѓу Стоктон и Дарлингтон во Англија.

Железничкиот промет е многу значаен, но во последно време се намалува заради автомобилот, камионот и автобускиот сообраќај. После спората парна локомотива неминовна беше појавата на дизел и електрична локомотива, а како најголем дострел се возови на магнетни перници, надокнадуваќи ја со тоа брзината, ефикасноста, еколошкиот и економискиот ефект.

Историја на македонската железница

[уреди | уреди извор]
Првата железничка станица во Скопје

Почетоците на железницата во Македонија датираат се наоѓаат во втората половина на XIX век. Во 1869 година, на бриселскиот банкар, баронот Хирш, му била доделена концесија за изградба на железничката пруга Солун - Скопје - Митровица. Притоа, трасата на пругата која минувала низ Македонија (во должина од 243 километри) чинела 27 милиони франци. По должината на пругата биле изградени околу 600 пропусти за потоците и реките и шест моста над Вардар со вкупна должина од повеќе од илјада метри, а кај Демиркаписката Клисура на пругата работеле 1 500 работници. Изградбата на пругата официјално почнала на 9 февруари 1871 година и траела три години, а била пуштена во употреба во август 1873 година. Подоцна била изградена железниќката пруга од Солун до Битола во должина од 218,5 километри. Изградбата на оваа пруга, исто така, се одвивала тешко: на пример, на делницата Вертекоп - Воден, долга 18 километри, биле направени дури 11 тунели со вкупна должина од 3 500 метри, како и два вијадукта, долги 60 и 70 метри и високи 20 и 30 метри. Изградбата на пругата Солун - Битола започнала во мај 1891 година, а завршила на 14 јуни 1894 година при што биле ангажирани 2 773 работници, меѓу кои и странци.[2] Во 1888 година се споиле вардарската и моравската железница.

За време на Првата светска војна била изградена 600-милиметарска пруга при што првата траса се протегала од Градско до Прилеп, а тешките делови, како Степанци - Прилеп, биле премостени со жичница. Во летото 1916 почнува со изградба линијата Ханриево (Ѓорче Петров) — Охрид преку Тетово, Гостивар, Кичево со крак према Струга и Ташмаруништа (која продолжувала до Елбасан), а 600-милиметарската пруга била наречена „пампур“ или „чајниче“. Оваа 600-милиметарска пруга била во употреба до 15 мај 1966 година, кога била укината. Во 1923 година, со железничка пруга биле поврзани Велес и Битола, а на 1 ноември истата година била пуштен во употреба пругата Велес - Штип.[3] Во 1923 година, пругата Генерал Ханрис (денешно Ѓорче Петров) – Охрид се поврзала со Скопје, односно пругата била продолжена од Ханриево до „Мала станица“ (наспроти денешна НИП Нова Македонија)

Настраданата железничка станица во Скопје, изградена во 1937 година

Во 1937 година почнала изградбата на новата железничката станица во Скопје која траела три години. Во тоа време, станицата во Скопје била една од најубавите на Балканот, која имала огромен хол од 1000 м2 со подземни премини и повеќе покриени перони.

Во периодот од 1945 до 1990 година, во Македонија биле изградени нови железнички линии во должина од над 200 километри, а старите пруги биле модернизирани и нивната широчина била зголемена на 1,43 метри.[4] Во 1948 година, Пионерското вовче, кое било трасирано за само два месеци, почнало со возење низ градскиот парк од станицата „Стив Наумов“, крај езерцето по течението на Вардар и неговите плажи, па преку Ѓорче Петров до излетничкото место Сарај и крајната станица „Борка Талевски“ во село Глумово, покрај излетничкото место Матка. Теснолинејката Ѓорче ПетровКичево почнала да се демонтира во 1948 година и била заменета со нормален колосек, но во две фази: првата фаза до Гостивар била завршена на 25 мај 1952 година, вториот дел до Кичево завршил во 1969 година, а делот до Охрид останал недовршен.

Пампур - малата локомотива

Железницата како тема во уметноста

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „железница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Дејан Азески, Летаргичноста кон изградбата на инфраструктурата влече повеќевековни корени во Македонија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 102-105.
  3. Дејан Азески, Летаргичноста кон изградбата на инфраструктурата влече повеќевековни корени во Македонија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 102-105.
  4. Дејан Азески, Летаргичноста кон изградбата на инфраструктурата влече повеќевековни корени во Македонија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 102-105.
  5. Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 95.
  6. „Хронологија“, во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 159.
  7. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 96-97.
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy