Предлог
Изглед
Предлозите се неменливи, службени зборови кои покажуваат однос меѓу именските зборови во реченицата или однос меѓу глаголското дејство и додатоците.Предлозите најчесто имаат пространствено значење.
- пр. „Книгата е на масата.“
- „Стојам до ѕидот.“
Македонски предлози
[уреди | уреди извор]Предлози во македонскиот јазик се:
- Без
- немање на нешто- „Што си дошол без тетратка?“
- во; в
- наоѓање внатре во некоја средина или упатеност кон некоја средина;
- временско значење (в недела во пет);
- употреба пред деновите во неделата:
- пр. „во средата“ (минатата среда)
- „в среда (следната среда);
- во среда (секоја среда);
- пр. „во средата“ (минатата среда)
- в
- се употребува пред нечленувани именки што не почнуваат со в или ф (в село, в рака),
- во
- пред членувани именки (во селото, во раката),
- пред именки што започнуваат со в и ф (во воздух, во фурна), и
- пред оние што сакаме логички да ги истакнеме;
- врз
- одозгора на нешто (Тетратката е клупата.);
- до
- наоѓање блиску до нешто или допира до нешто;
- за
- фаќање или држење за нешто;
- зад
- се наоѓа од онаа страна на друг предмет;
- заради
- причинско и целно значење;
- кај
- наоѓање при некого или упатеност;
- како
- споредување;
- кон
- упатеност кон нешто;
- крај
- еден предмет се наоѓа во непосредна близина на друг;
- меѓу
- наоѓање во средина на нешто или заемен однос;
- место
- заменување, наместо;
- на (најчесто употребуван предлог):
- граматички знак за дативен предмет (Му реков на човекот.);
- припадност (Тетратката на Марија.);
- пространствено значење, згора врз нешто;
- со глаголски именки (На одење ми рече...);
- временско: на пролет;
- споредба: личи на него;
- над
- наоѓање повисоко од нешто;
- низ
- надолу, провирање, движење;
- од:
- излегување (Излезе од дома.);
- оддалечување (Тој отпатува од Скопје.);
- симнување (Слезе од коњот.);
- посвојно (Моливот од Горан.);
- потекло (Јас сум од Скопје.);
- одавде, оданде, отаде
- од оваа или другата страна на нешто;
- околу
- опкружување (Столчињата се наредени околу масата.);
- освен
- изземање, исклучување (Сите дојдоа освен...);
- по
- управеност во една насока (Оди по бразда.);
- движење или растуреност (по небо);
- посочување на предмети на дејство (го удри по рака.);
- непространствено (по гаќи, по леб);
- под
- наоѓање подолу од нешто;
- поради
- причина;
- потем
- временски (Прво бевме кај мене потем отидовме кај него.);
- пред
- од оваа страна на предметот;
- временско - порано;
- -преку
- преминување од една на друга страна;
- полно простирање, целосно опфаќање;
- при
- до некој или кај некој предмет;
- против
- негативна насоченост;
- со
- средство со кое се врши некое дејство (со нож, со рака);
- сообраќајно средство (со воз, со велосипед);
- заедница, придружување (со пријатели);
- поседување на нешто (Човек со пари, со куќа...);
- со апстрактни именки (Тој работи со волја, со ум, со мака...);
- сосе
- заедно со;
- според
- сообразување со некого или нешто (Според мене, тоа не е точно.);
- спрема
- сообразување и противставување;
- спроти - наспроти
- од таа страна и спротивставување;
- сред
- наоѓање во средината или меѓу нешто;
- временско (Тој влезе сред час.).
Често се греши при употребата на предлогот „по“, односно наместо „по“ погрешно се употребува прилогот за време „после“. За да се избегне грешката наједноставно е на местото од „по“ да се обидеме да го употребиме „потоа“, кој е синоним на „после“. Ако соодветствува, тогаш може да го употребиме „после“, ако не, тогаш стои „по“.
- Неправилно: „После Втората светска војна...“ (Ако можеме да го замениме со „потоа“ зборот „после“ е правилно употребен. Но, во овој случај не можеме што значи дека тука стои предлогот „по“.)
- Правилно: „По Втората светска војна...“
Поврзано
[уреди | уреди извор]Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |