Прејди на содржината

Сува игла

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жена во Кафе, сува игла од Лесер Ури со раскошни и суптилни линии постигнати во техниката на сува игла
Мари Касат , Жена што се капи, сува игла комбинирана со акватинта, 1890-1.
Станислав Масловски, 1905, Портрет на сопругата на уметникот, сува игла, Национален музеј на Вроцлав

Сува игла (француски: pointe-sèche, германски: Kaltnadelradierung, англиски: dry point) — графичка техника од длабок печат, во која со механичка постапка директно се гравира во метална плоча, карактеристична е по своите раскошни и прецизни линии[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Гравирањето со сува игла било познато уште од XV век.

Како самостојна техника се појавила околу 1480 година. Во почетокот, таа служела како првична фаза во изработката на бакрорез. Заради неможноста за изработка на поголем тираж, првите историски отпечатоци се малубројни.

Уметниците најчесто ја користат сувата игла во комбинација со други техники. Такви примери има кај Рембрант (1606—1669), Жак Кало (1592—1635), Франсиско Гоја (1746—1828).

Примери на користење на чиста сува игла се среќаваат во делата на Огист Роден (1840—1917), Џејмс Мек Нил Вистлера (1834—1903) или Жак Вијон (1875—1963)[2].

Сувата игла е доста привлечна и популарна техника поради својата спонтаност и непосредност. Со оваа техника се постигнува отпечаток со сочна графичка слика со изразити контрасти и раскошни линии.

Графичката постапка е директна, непосредна и економична.

Материјал за изработката на сувата игла - матрицата е од бакар или цинк кои се гравираат со остри челични игли.

Сувата игла кај уметниците изискува суптилност и чувство за режење под различни агли со што се добива и различен интензитет и богатство на линијата[3].

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Џевад Хозо, Уметноста на мултиоригиналот, Прва книжевна комуна Мостар, 1988.
  • Водич за печатење Интаглио - Сува игла - Жаун Макалум, 2015[4].

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy