Прејди на содржината

Зулу (филм од 2013)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зулу (англиски: Zulu) — француско-јужноафрикански филм од 2013 година, во режија на Жером Сале. Улогите ги играат: Орландо Блум, Форест Витакер и Тања ван Гран. Филмот е снимен во Кејптаун, а премиерно бил прикажан на затворањето на Канскиот филмски фестивал.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Али Сокела е шеф на одделот за истраги на убиства на полицијата во Кејптаун. Во детските денови, тој едвај им побегнал на воените единици кои го прогонувале Африканскиот национален конгрес на Нелсон Мандела. Тој и неговата мајка го избегнале масакрот, но неговите психолошки трауми останале и понатаму. Али работи заедно со проблематичниот детектив Брајан Епкин, кој по разводот тоне во алкохол.[1]

  1. „Истрагата за убиство носи голема опасност“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр, 3.
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy