Прејди на содржината

Виртуелен соговорник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виртуелен соговорник

Виртуелен соговорник или чат-бот (англиски: chatbot) — софтверска програма направена да ги препознае прашањата и да одговори на потребите на корисниците преку автоматизирано заемодејство, спроведено преку текст или глас. Дејствувајќи како претставник на фирма или марка, виртуелниот соговорник има за цел да го упрости семрежното општење, обезбедувајќи брза испорака на соодветни информации. Оваа технологија служи како удобна алтернатива за општење со оператори во живо или до доаѓање во допир со раководителите на фирмите, за подобрување на делотворноста во заемодејствата со корисниците и обезбедување брза и достапна поддршка.[1]

Еден од првите виртуелни соговорници била програмата „Елиза“, создадена во 1966 г. од Џозеф Вајзенбаум. Елиза го подражавала усното однесување на психотерапевтот со применување на техники за активно слушање, повторно прашувајќи го корисникот и користејќи изрази како „Ве молам, продолжете“. Овој ран вовед во виртуелните соговорници означува значајна пресвртница, покажувајќи ја можноста на технологијата да го подражава човечкиот разговор и заемодејство во терапевтски рамки. Градбата на Елиза ја поставила основата за последователни достигнувања во технологијата за виртуелни соговорници, влијаејќи на патеката на виртуелните системи за општење што следеле.

Во Македонија, првиот македонски виртуелен соговорник бил „Славчо“, направен од поранешната телекомуникацискa фирма Vip, пуштен во 2018 г.[2] А1 го усовршил виртуелниот соговорник во 2020 г.[3]

  1. Mauldin, Michael L. „ChatterBots, TinyMuds, and the Turing Test: Entering the Loebner Prize Competition“. AAAI (англиски). Посетено на 2024-01-09.
  2. Иванова, Христина (2018-10-29). „Славчо - првиот четбот кој разбира и пишува македонски“. Бизнис Инфо. Посетено на 2024-01-09.
  3. info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „А1 Македонија го усоврши „Славчо" - четбот базиран на вештачка интелигенција“. fakulteti.mk. Посетено на 2024-01-09.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy