Историја на Словачка
Дел од темата Словачка |
Античка историја |
---|
Среден век |
Чехословачка |
Модерна Словачка |
Портал:Словачка |
Праисторија
[уреди | уреди извор]Доаѓање на Словените
[уреди | уреди извор]Териториите на денешна Словачка, во 5 век биле населени од страна на Словените. Во предсловенското населување, на оваа територија постоело кнежевството Нитра, кое заедно со Моравија ја сочинувале т.н. Велика Моравија. Таа држава во текот на 9 век го достигнал својот Златен век, во времето на Ротислав I.
Кралство Унгарија
[уреди | уреди извор]По распаѓањето на Велика Моравија во 10 век, териториите на денешна Словачка станале дел од Кралство Унгарија. Во текот на владеењето на Унгарците, Словачка во првите два века ја зачувала својата автономија како кнежевство Нитра. Денешните територии на Словачка се формирале уште во тоа време.
Во 1241 година, Словачка попаднала под монголско владеење, но во текот на средниот век таа била ослободена и повторно вклучена во составот на Кралство Унгарија. Во времето кога Османлиското Царство навлегува во Унгарија, центарот на кралството преминало во Словачка. Денешната престолнина Братислава (тогаш позната како Pressburg, Pressporek, Posonium, Posony) за краток период станала престолнина на кралството во 1536 година. По повлекувањето на Османлиите од Унгарија, улогата на Словачка во кралството се намалило.
За време на револуцијата од 1848 - 1849 година, Словаците застанале на страната на Австрија односно Хабсбуршката династија, надевајчи се за создавање на независна држава, но до тоа не дошло. Во времето на Австроунгарија, од 1868 до 1918 година, Словачка останала во склопот на империјата, соочувајќи се со унгаризација врз нејзините жители.
Чехословачка
[уреди | уреди извор]По војната, Словачка се обединила со чешките земји Бохемија и Моравија и заедно ја формирале Чехословачка. Во 1938 година, со Миненскиот договор, Словачка била разделена од Чешка. Новата држава поседувала само формална независност, бидејќи била под целосна контрола од страна на Нацистичка Германија. Ова доведува до избувнување на востание во 1944 година.
По крајот на војната, Словачка повторно се обединила со Чешка и попаднала под влијание на т.н. Источен блок раководен од страна на СССР. Таа била една од потписничките на Варшавскиот договор.
Модерна Словечка
[уреди | уреди извор]По распаѓањето на комунизмот, Чешка и Словачка во 1993 година повторно се разделиле. Словачка од мај 2004 година е членка на ЕУ.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|